Поранешниот српски кошаркар и активист Владимир Штимац беше уапсен синоќа во Белград, објавува N1 Srbija. Како што може да се види на снимките објавени на социјалните мрежи, Штимац е уапсен од полицијата пред зградата на РТС.
Српското Министерство за внатрешни работи кратко по 2 часот наутро објави дека привело 37 лица кои, како што велат, учествувале во нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување инциденти пред зградата на Парламентот во Белград. Додадоа дека трагаат по други сторители на истите дела.
Некои од српските медиуми јавуваат дека, Штимац е уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи во текот на целиот ден повикувал на насилство пред Парламентот.
View this post on Instagram
Нови немири избувнаа во Белград синоќа. Градот малку личи на воена зона, како што може да се види на бројните снимки што кружат на социјалните мрежи. Пред зградата на Парламентот во Белград избувна судир меѓу таканаречените „ќаци“ и граѓаните што протестираат против Вучиќ. Граѓаните на Србија дојдоа да ја поддржат Дијана Хрка, мајката на еден од загинатите при падот на настрешницата во Нови Сад, која започна штрајк со глад.
Претходно, Владимир Штимац остро реагираше по инцидентот пред српскиот Парламент, испраќајќи брутална порака до претседателот Александар Вучиќ за нападот врз млад човек кој дојде да ги поддржи демонстрантите, објави nova.rs.
На платото пред Собранието, неколку десетици луѓе од шаторската населба „Ќациленд“ нападнаа млад човек, член на кампањата „Трчај за студентите“. Тој минувал да ја поддржи Дијана Хрка, а напаѓачите му го одзедоа знамето со натпис „Трчам за студентите“.
Недолго по инцидентот, познатиот кошаркар објави кратка и директна порака упатена до Вучиќ: „Дали, лигав, дали се извинуваш вака! Фолирант!“, напиша Штимац.
Je li bre slino slinava jel se ovako izvinjavaš! Folirantu! @avucic https://t.co/tH4iYPx3H5
— Vladimir Štimac (@stimac15) November 2, 2025
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги нарече граѓаните кои синоќа дојдоа да ја поддржат Дијана Хрка „кукавици“ и рече дека „државните органи ќе реагираат на сè што се случува на улиците“.
– Сигурен сум дека не сте ги виделе сите снимки, тие се обидоа да нападнат… Тие се кукавици, кога видоа дека одговорот е спремен, избегаа. Важно е да се истакне дека тие користеа шишиња, петарди, факели со желба да запалат луѓе, што беше очекувано по дебаклот во Нови Сад и помалку луѓе отколку што се очекуваше таму – рече Вучиќ во интервју за Информер.
Снимките објавени на социјалните мрежи не ги поткрепуваат тврдењата на Вучиќ дека демонстрантите нападнале студенти во Пионирски парк.
View this post on Instagram












