петок, февруари 6, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА БДП порасна за 3,2 отсто, Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа

БДП порасна за 3,2 отсто, Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа

53

Растот на БДП за првиот квартал од 2025 година е 3,2 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

– Со тоа, Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечка економии во Европа, пред нас се Ирска, Данска и Полска. Споредбено, ова значи дека растот е поголем за три пати од лани. Ова се должи на успешните економски политики на Владата. Нашата заложба е да продолжи ова, затоа носиме политики што ја поттикнуваат економијата да се развива – велат од Владата.

Поголем пораст е забележан во секторите градежништво и стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности од 7,1 %, како и информации и комуникации од 4,8 %. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2025 година, номинално расте за 7,1 %, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ е 69,0 %.

– За разлика од претходните години, кога беше македонската економија на дното, целосно девалвирана, сега имаме целосно придвижување напред. Се обврзавме и реализираме. За нова надеж за граѓаните и за Македонија, која ќе биде држава со раст и развој. Македонија мора да оди напред, државата е на патот на промените! – пишува во соопштението од Владата.

ИЗДВОЕНИ