Барселона е подготвена да продаде девет играчи

1404
epa11605965 FC Barcelona's Lamine Yamal (C) celebrates with teammates Robert Lewandowski (L) and Raphinha (R) after scoring the 0-2 goal during the Spanish LaLiga soccer match between Girona FC and FC Barcelona, in Girona, Spain, 15 September 2024. EPA-EFE/DAVID BORRAT

Шпанскиот портал „Diario Sport“ објави список од дури девет играчи на Барселона кои се ставени на продажба ова лето, потврдувајќи дека клубот планира голема ремонт на составот пред новата сезона. Оваа одлука е резултат на комбинација на финансиски предизвици, потребата за освежување на кадарот и прилагодување на тренерската визија на Ханси Флик, кој неодамна го продолжи договорот до 2027 година.

Според „Спорт“, Барселона е подготвена да ги слушне понудите за речиси сите играчи освен Ламине Јамал, кој е означен како единствен „недопирлив“ во актуелниот состав. На списокот на потенцијални заминувања се: Ињаки Пења, Роналд Араухо, Хектор Форт, Фермин Лопез, Гави, еден од капитените Френки де Јонг (во случај да не се согласи на продолжување на договорот), Пабло Торе, Пау Виктор и Ансу Фати.

Клубот не мора веднаш да ги стави сите на трансфер листата, туку е отворен за сериозни понуди и е подготвен на компромиси доколку се оцени дека играчот не е клучен за идниот тим. Посебно се издвојува ситуацијата со Де Јонг, кој веќе подолго време е предмет на шпекулации.

Доколку не се согласи на ново продолжување на договорот, Барселона е подготвена да го продаде ова лето за околу 60 милиони евра, што значително би ја подобрило финансиската слика на клубот. Истото важи и за Араухо, кој останува еден од најбараните дефанзивци на пазарот.

На списокот е и Ансу Фати, поранешен голем талент и играч кој важеше за наследник на Меси. По серијата повреди и неубедливи настапи, Фати не успеа да го убеди Флик дека може сериозно да смета на него во новата сезона, па се очекува клубот да се обиде да најде купувач или да договори нова позајмица. Сличен е случајот и со младите играчи од средниот ред Фермин Лопез и Гави, иако потенцијален трансфер за нив би бил можен само во случај на екстремно високи понуди.

На продажба е и Пења, кој оваа сезона беше резервен голман, а Барселона бара поискусен голман. Форт и Торе, млади играчи од младинскиот систем, би можеле да бидат продадени или испратени на позајмица за да го стекнат потребното искуство, додека Пау Виктор е уште еден кандидат за заминување, со оглед на неговите ограничени шанси за игра во првиот тим.

Оваа стратегија за продажба и отворање простор за новите пристигнувања е дел од поширокиот план смислен од спортскиот директор Деко, чија цел е да создаде финансиска стабилност и да му дозволи на Флик да донесе играчи кои подобро одговараат на неговата визија за играта. Клубот на тој начин ќе се обиде да го искористи пазарот за да генерира средства за засилувања, но и да го намали притисокот врз платите, што е едно од клучните барања на Ла Лига.

 

ИЗДВОЕНИ