Цената на нафтата нагло скокна, па барел сурова нафта „брент“ вчера достигна 84 долари, додека американската нафта се искачи на 79 долари. Во исто време, американските берзи завршија во минус по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за повторно воведување блокада на иранскиот превоз низ Хормускиот Проток.

Аналитичарите предупредуваат дека неизвесноста на Блискиот Исток може дополнително да ги турне нагоре цените на нафтата и да создаде нов притисок врз светските финансиски пазари.

Во меѓувреме, пад забележаа и акциите на голем број технолошки компании и банки, додека инвеститорите внимателно ги очекуваат новите финансиски резултати на најголемите американски корпорации.

ИЗДВОЕНИ