Општините Кисела Вода и Сопиште започнаа заедничка акција за расчистување на областа Теферич.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, информираше дека акцијата е по барање на жителите, дека биле ангажирани багери и скипови за отстранување на депониите со шут и отпад и дека екипите, со тримери, ги уредуваат обраснатите јавни површини.
– Во акцијата се вклучени 40-мина работници, кои активно работат на расчистување на насобраниот отпад. Ова е дел од пошироката генерална акција, која ја спроведуваме веќе една недела, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, во населбите и населените места во Општина Кисела Вода. Со ваквите акции се стремиме да ја подобриме хигиената и да ја уредиме животната средина во која сите живееме – истакна Стаменкоска-Трајкоска.












