Најновото ажурирање на прогностичките материјали укажува на тоа дека оваа година, пролетта ќе ја почувствуваме уште од овој месец, кој се очекува да биде малку потопол од 30-годишниот просек, и тоа потопол за еден степен. Тоа значи дека и оваа година може да се очекува порано будење на природата, со оглед на тоа дека ќе имаме температура над просекот за овој период од годината и стабилно и суво време со многу сонце, пишува во својата најнова месечна анализа Славчо Попоски.
Што се однесува, пак, до врнежите, тие ќе бидат околу или малку под просекот, што значи дека месецот март оваа година ќе биде малку постабилен и посув месец, но тоа не значи дека не треба да очекуваме повремени врнежливи периоди и нестабилно време.
Деновиве, пак, температурата, особено во Повардарието и во југоисточните предели, ќе се искачи и до 20 степени.
– Поради тоа што се работи за месечна метеоанализа, можни се промени, па затоа најдобро би било граѓаните да се фокусираат на моите краткорочни метеоанализи кои се далеку попрецизни и со веројатност за остварување поголема од 90 %, напоменува Славчо Попоски во својот најнов „Метео аларм“ за претстојниот месец.












