петок, јануари 16, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија

31

Азербејџанската државна енергетска компанија „СОКАР“ (SOKAR) почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија, објави „Ројтерс“.

„СОКАР“ денес објави дека започнала со испорачување гас на пазарите во јужна и централна Европа преку Трансјадранскиот гасовод, европскиот сегмент од Јужниот гасен коридор.

„Снабдувањето преку Италија до Австрија и Германија дополнително го проширува географскиот дострел на азербејџанскиот гас во Европа. Со овие нови пазари, бројот на земји што увезуваат азербејџански гас се зголеми на 16“, изјавија претставници на SOKAR, пренесува „Укринформ“.

ИЗДВОЕНИ