Патнички авион „Боинг 787-8 Дримлајнер“, управуван од „Ер Индија“, кој полета од Ахмедабад кон Лондон утрово, се урна неколку минути по полетувањето и падна во зграда на хотел за лекари во кампусот на една наставна болница. Според официјалните информации, на летот AI171 имало 232 патници и 12 членови на екипажот.
Индиските медиуми јавуваат дека неколку лекари и студенти ги загубиле животите.
„Авионот се урна во зграда што е хостел за лекари“, потврди за медиумите портпаролот на полицијата Џајпал Сингх Раторе. Ова е зграда во која се наоѓа студентскиот дом на медицинскиот факултет, во кој се сместени студенти и млади лекари кои се специјализираат. Објавени се и фотографии што ја прикажуваат внатрешноста на хостелот по несреќата. Спасувачките служби ги пребаруваат урнатините.
Images from inside the building (an undergraduate doctor’s medical college hostel building at a teaching hospital) where an Air #India Boeing 787 Dreamliner crashed earlier today in Ahmedabad, Gujarat: pic.twitter.com/MYUFIn0VCr
— The STRATCOM Bureau (@OSPSF) June 12, 2025
Според првичните информации, авионот изгубил висина кратко по полетувањето и се урнал во населен дел од градот, на само неколку километри од пистата. Пожарникарите, полицијата и службите за итни случаи пристигнаа на местото на несреќата за неколку минути, а локалните власти сè уште не сакаат да го објават бројот на жртви додека трае потрагата по преживеани.
Оваа несреќа повторно ги става во фокус безбедносните проблеми на „Боинг“, особено на „787 Дримлајнер“, кој со години е под лупа поради бројни технички и производствени грешки – вклучувајќи сомнежи за квалитетот на споевите на трупот и употребата на несертифицирани делови. Повеќе меѓународни регулатори започнаа истраги, а самите вработени во „Боинг“ јавно ја критикуваа компанијата за занемарување на безбедносните процедури.
Се урна патнички авион на „Ер Индија“ веднаш по полетувањето, во него имало 242 патници/ВИДЕО