Голем дел од Германија би можел да ужива во бел Божиќ по долго време, според прогнозата за следните десет дена објавена од германската верзија на Weather Channel.
Според метеорологот Јан Шенк, сè повеќе временски модели предвидуваат дека арктичка воздушна маса ќе навлезе во Европа кон средината на следната недела, носејќи снег и студен сибирски воздух околу католичкиот Божиќ. Температурите нагло ќе паднат на 23 декември, а во наредните денови студен воздух од исток ќе се слее во од Германија, но и подалеку на југ.
„Некои временски модели укажуваат на почеток на вистинска зима. Но, некои сè уште осцилираат некако помеѓу прилично студен временски модел за Божиќ и вистински сибирски студ со источни ветрови, ледени денови и многу ниски минимални температури“, вели Шенк.
Тој наведува дека е сигурно дека област со висок воздушен притисок ќе се прошири низ северна Европа и дека тоа би можело да донесе ледени источни ветрови. Според еден модел, максималните температури на 26 декември би можеле да се движат од -10 до 0 степени Целзиусови.












