Откако 145 лица низ цела Франција пријавија дека биле избодени со медицински игли за време на фестивалот Светски ден на музиката (Fête de la Musique), француското Министерство за внатрешни работи денес објави дека се уапсени 12 лица во врска со инцидентот.
Милиони луѓе излегоа на улиците на градовите низ Франција во саботата навечер за да учествуваат на фестивалот по повод Светскиот ден на музиката, а властите соопштија дека во Париз имало „невидени толпи“, објавува лондонски Гардијан.
Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 145 жртви низ целата земја пријавиле дека биле избодени со медицински игли, а полицијата потврди 13 такви случаи само во Париз.