петок, јули 17, 2026
Дома СКОПСКА Антониа Гиговска и Јордан Митев на одбележувањето на Денот на Општина Илинден

Антониа Гиговска и Јордан Митев на одбележувањето на Денот на Општина Илинден

20

Општина Илинден подготвува богата културно-уметничка програма за сите граѓани, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден, и Денот на Општината.

Настанот ќе биде организиран на 24. 7.2026 година (петок), на новиот парк-плоштад во населеното место Марино, со почеток во 20:00 часот.

Во програмата ќе учествуваат македонските музички артисти Антониа Гиговска и Јордан Митев со своите најголеми музички хитови.

– Со организацијата на вакви настани, Општина Илинден продолжува да инвестира во културниот и во општествениот живот, создавајќи можности за заедничко дружење и промоција на домашната музичка сцена – соопштија од локалната самоуправа.

Општина Илинден ги поканува сите граѓани да бидат дел од одбележувањето на Денот на Општина Илинден и заеднички да уживаат во богатата програма и во празничната атмосфера.

ИЗДВОЕНИ