
Шпанскиот гигант Атлетико (М) се вклучи во трката по потписот на бразилскиот интернационалец Антони, кој е во сопственост на Манчестер Јунајтед, но вториот дел од сезоната го одработува како позајмен фудбалер во дресот на Бетис од Севилја. Крилниот напаѓач ќе ја добие потребната дозвола за да се пресели на „Ванда Метрополирана“, само доколку официјалната понуда не биде помала од 40 мил. фунти.