Ангели ги носат на Античкиот театар –  “Силви бенд“ со славенички концерт во Охрид на 31 јули

23

Покрај неизбежниот нивен хит „Ангели ме носат“ на репертоар се и другите песни кои Силви бенд ги пеат не само на македонски, туку и на српски, ромски, англиски, италијански, руски, француски јазик….                         Скопската публика уште не ја заборава магичната интерпретација во живо на Силвана, кога во рамките на минатогодишно „Карпошово лето“ повеќе од феноменално ја испеа светски познатата песна “Con te partirò“ (Ќе одам со тебе) а, која инаку ја пее славниот италијански оперски-поп пејач Андреа Бочели.       

 Македонското дуо „Силви бенд“ продолжува со своите естрадно-музички успеси. Неуморни се, љубовта кон музиката им е непресушна, а годините за нив се само бројка. Токму така. Влатко Плевнеш и Силвана Мучиќ слават 35 години од сјајното присуство на македонска музичка сцена. Тие гордо ова лето ќе го одбележат големиот јубилеј: 35 години музика и љубов кон публиката, која ја имаат од сите генерации, од 8 до 88 години!

Одбележувањето на јубилејот ќе се случи со голем концерт на 31 јули (од 21 часот), под ѕвезденото небо и во волшебниот амбиент на Античкиот театар во Охрид, градот кој по Скопје го сметаат речиси за својот најомилен македонски град. За тоа постојат многу причини. Влатко потекнува од Охрид, тука се неговите најблиски, а во Охрид има и убава семејна куќа која преку долго топло лето станува нивна незаменлива оаза.  Тогаш од Скопје се селат во Охрид од каде што заминуваат на сите настапи, концерти, прослави, забави…..и, пак се враќаат во своето охридско пристаниште. Сè така до првите студени есенски денови, кога повторно се враќаат во Скопје.

Дотогаш има време, а сега е време за Античкиот театар и нивен ексклузивен концерт во ексклузивна придружба со Симфонискиот оркестар. Сите заедно ќе ја спојат традицијата и елеганцијата во едно незаборавно музичко доживување, да нè освежат во топлата летна ноќ. Ќе ги слушнеме сите нивни најголеми хитови со неизбежниот „Ангели ме носат“ (победничка од „Макфестовскиот“ фестивал), во еден скоро нов модерен аранжман, а на репертоар се и другите песни  кои „Силви бенд“ ги пеат не само на македонски јазик, туку и на српски, ромски, англиски, италијански, грчки, турски, руски, шпански, француски….                                                                         Скопската публика уште не ја заборава магичната интерпретација во живо на Силвана кога во рамките на минатогодишно „Карпошово лето“ повеќе од феноменално ја испеа светски познатата песна “Con te partirò“ (Ќе одам со тебе) а, која инаку ја пее славниот италијански оперски-поп пејач Андреа Бочели.

Дуото има широк спектар на композиции со кои слободно можат да направат и шестчасовен концерт. Рака на срце, тоа е физички неизводливо, а и просторот и времето не го дозволуваат таквиот “луксуз“. Публиката, но и присутните новинари ќе бидат доволно почестени и со овој двочасовен концерт на Античкиот театар.

Мора да истакнеме, дека Влатко и Силви се секогаш добредојдени и тогаш кога ја отвораат својата душа, својата интимност за новинарите. Со голема гордост изјавуваат дека се радосни дедо и баба на нивната внука Малика. Таа е дарба од ќерката Деаделина.

-Таквата среќа со зборови не може да се опише, вели насмеаната Силвана.  Кога сме млади, трчаме сите ние како муви без глава, или по работа, или по завршувањето на другите обврски, а сега кога ќе дојдеме во овие помирни години, сфаќаме колку брзо животот поминува. Свесни сме што значи да се има внуче на кое со задоволство му посветуваме доволно време, зашто така чувствуваме.

Минатото лето секој слободен миг јас и Влатко го минавме на плажата со Малика. За среќа наша, плажата ни е тука пред нос, во стариот дел на Охрид, па некако полесно со внуката ги поминавме летните горештини. Покрај бистра езерска вода и под сенките на врбите. Така ќе биде и ова Охридско лето. Дополнето нели, со оваа значајна прослава на 35 години од кариерата, а зашеќерено со концертот на Антички театар, ни велат за весникот ВЕЧЕР и двајцата горди славеници, врвно образовани музичари.

За потсетување е дека нивната ќерка Деа има дипломирано џез-тапани на светскиот универзитет во Амстердам ЕСАЕ институт. Живее во Холандија, работи како диџеј, но и како инструктор по јога. Деа е прилично активна на социјалните мрежи, а и сака многу да патува. Пред да се породи, на социјалните мрежи објави интересна фотографија на која е со трудничко стомаче.

(Д.М.) фото: архива

 

 

ИЗДВОЕНИ