недела, јули 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг од 2027 година

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг од 2027 година

34

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека укинувањето на роамингот меѓу Европската Унија и Западен Балкан зависи од динамиката на процесите во ЕУ, а не од земјите од регионот.

Тој посочи дека оптимистичко сценарио е граѓаните да добијат можност за бесплатен роаминг од 1 јануари 2027 година, иако роковите целосно зависат од Европската Унија.

– Едно оптимистичко сценарио е дека до крајот на годината би ја имале оваа можност. Тоа зависи од ЕУ, но крајниот рок би можел да биде 1 јануари 2027 година, изјави Андоновски.

Тој нагласи дека Северна Македонија ги исполнила потребните обврски и ја усогласила регулативата со европските директиви, а законските измени се веќе испратени до Европската комисија на мислење. Паралелно, земјата ги номинирала и своите претставници за претстојните преговори.

Според него, во следниот период треба да се утврдат конкретните рокови и да започне процес на преговори меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, по што би следувало и потпишување договори за постепено намалување и укинување на роаминг трошоците.

ИЗДВОЕНИ