понеделник, јануари 19, 2026
Дома КУЛТУРА Ана Винтур заминува позицијата главен уредник на списанието „Вог“ по речиси четири...

Ана Винтур заминува позицијата главен уредник на списанието „Вог“ по речиси четири децении

740
EPA-EFE/ANDRE PAIN

Ана Винтур (75) по 37 години повеќе нема да биде главен уредник на американскиот „Вог“, но ќе остане главен директор за содржини на списанието што го издава компанијата „Конде Наст“ и глобална директорка на уредништвото на „Вог“, објави синоќа Би-Би-Си.

Винтур е главен уредник од 1988 година, а вчера ги информираше вработените дека „Вог“ ќе започне со потрага по нов уредник.

Британската кралица Елизабета II ѝ ја додели титулата Дама за нејзиниот придонес во модата и новинарството во 2017 година, а на почетокот на оваа година, кралот Чарлс ѝ додели уште една награда „Companion of Honour“.

ИЗДВОЕНИ