Американскиот папа му се спротивстави на американскиот претседател

0
EPA/STRINGER

Папата Лав XIV вчера ја повика администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да не се обидува да го собори венецуелскиот претседател Николас Мадуро со воена сила.

Првиот американски папа рече дека би било подобро да се обиде да иницира дијалог или да се наметне економски притисок врз Венецуела „ако Вашингтон сака да постигне промени“.

Администрацијата на Трамп разгледува опции за борба против она што го претстави како „улога на Мадуро во снабдувањето со нелегални дроги што убиваат Американци“. Социјалистичкиот венецуелски претседател негираше каква било вмешаност во нелегалната трговија со дрога.

Ројтерс минатиот месец објави дека американската војска е подготвена за нова фаза на операции по масовното воено засилување на Карибите и речиси тримесечните рации врз бродови за кои се сомнева дека шверцуваат дрога покрај брегот на Венецуела.

Папата додаде дека сигналите на администрацијата на Трамп за политиката кон Венецуела се нејасни. „Од една страна, се чини дека има повик меѓу двајцата претседатели. Од друга страна, постои опасност од воена операција“, рече тој, осврнувајќи се на телефонскиот разговор меѓу Трамп и Мадуро минатиот месец.

Лав XIV, избран за папа годинава во мај е роден во Чикаго, е запознаен со Латинска Америка бидејќи поминал многу години како свештеник во Перу.

ИЗДВОЕНИ