Републиканскиот американски сенатор, Том Тилис, денес објави дека ќе покрене истрага против Пентагон и американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, поради проблемите со сателитските комуникациски системи „Старлинк“ со кои се соочија одбранбените сили на Украина, предупредувајќи дека неуспесите би можеле да ја загрозат безбедноста на украинските цивили, како и на американскиот дипломатски и безбедносен персонал.
Тилис, сенатор од Северна Каролина, објави на социјалната мрежа X дека ќе побара од генералниот инспектор на Министерството за одбрана на САД да покрене истрага и да достави извештај до Конгресот и американската јавност.
„Не очекувам секретарот за одбрана Хегсет да покаже транспарентност, поради што ќе побараме од генералниот инспектор на Министерството за одбрана да покрене истрага и да достави извештај до Конгресот и американскиот народ“, рече Тилис.












