Америка го нападна Иран, погодени се клучните нуклеарни постројки! Техеран: „Ќе има трајни последици!“

1018
Фото: EPA-EFE/MAXAR TECHNOLOGIES HANDOUT --

Соединетите Американски Држави извршија напади врз неколку клучни ирански нуклеарни постројки рано во неделата, вклучувајќи ги Фордо, Натанц и Исфахан.

Претседателот Доналд Трамп рече дека локациите биле „целосно уништени“ за време на говорот од Белата куќа и предупреди дека САД би можеле да таргетираат дополнителни цели доколку Иран не се согласи на мир. Иранскиот министер за надворешни работи рече дека нападите се „нечуени“ и ќе имаат „трајни последици“.

Сè уште нема официјален одговор од врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи. Израелската армија соопшти дека Иран истрелал нов бран ракети кон таа земја.

Во саботата, Соединетите Американски Држави му се обратија на Иран преку дипломатски канали пред воздушните напади, пренесува американскиот CBS News.

Според овие информации, Вашингтон му соопштил на Техеран дека овие удари се единственото нешто што планираат да го преземат и дека „нема намери за промена на режимот“.

Си-Би-Ес, исто така, објави дека на почетокот на неделата, високи американски претставници изјавиле дека претседателот Доналд Трамп го одбил предлогот за убиство на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

ИЗДВОЕНИ