Поранешниот тренер на Рафаел Надал, Карлос Моја не застана со острите критики за моментно најдобриот шпански тенисер Карлос Алкараз.
„Гледајќи на краток рок, Карлос може да освои уште еден грен слем, но на долг рок тоа ќе биде тешко да се постигне, бидејќи ова е трка на долги патеки. Невозможно е да се биде најдобар без дисциплина и напорна работа.“
Од друга страна, Моја има предвид дека Карлос штотуку наполнил 21 година и дека е нормално да биде малку опуштен надвор од теренот на оваа возраст.
„Карлос има само 21 година и природно е што сака да ужива во животот. Она што го прави не му штети на никого друг. На крајот на краиштата, тој има свој тим и тренери кои го советуваат“, заклучи Моја.
Во последно време се зборува многу за забавите на младиот тенисер, особено кога траеше турнирот во Барселона.
„Можеш да бидеш најдобар на светот со таков начин на живот одреден временски период, но не можеш да бидеш најдобар на сите времиња. Дури и со нормален живот, тешко е да се постигне тоа. Многу е комплицирано. Ако ги погледнеме тројцата најголеми играчи: Ѓоковиќ, Надал и Федерер, ниту еден од нив не се однесувал така“, оценува Моја.