Алармантни податоци на „Евростат“: Секој граѓанин на ЕУ создава 35 килограми пластичен отпад годишно

33

Податоците на „Евростат“, генерален Директорат на Европската Комисија сместен во Луксембург, покажуваат дека речиси петтина од амбалажниот отпад е стакло, речиси 16 отсто е дрво, а пет отсто е метал.

Во 2023 година, во ЕУ се произведени 178 килограми амбалажен отпад по жител, што е за девет килограми помалку отколку една година претходно но и 21 килограм е повеќе отколку пред десет години.

Од вкупната количина амбалажен отпад кој го создава секој граѓанин на ЕУ, 35 килограми отпаѓаат на пластика, и од тоа 15 килограми се рециклираат.

Меѓѕ 2013 и 2023 година количината пластичен амбалажен отпад по жител е зголемена за повеќе од шест килограми додека рециклираната количина е зголемена за четири.

Податоците покажуваат дека до 2023 година се рециклирани 42 отсто од произведениот амбалажен пластичен отпад во однос на 38 отсто десетина години порано.

Се наведува дека и по нивото на рециклирање предничат Белгија и Летонија со 60 отсто додека на крајот се Унгарија со 23 отсто, Франција со 26 и Австрија со 27 отсто.

Teme

ИЗДВОЕНИ