Активиран Кризниот штаб, механизацијата на терен, фрлени сол и ризла

84

Од вчеравечер е активиран Кризниот штаб на Општина Гази Баба за постапување во зимски услови, кој постојано ја следи состојбата на терен и ја координира работата на сите служби.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, вели дека граѓаните на Општина Гази Баба може да бидат целосно спокојни.

– Во текот на ноќта беа преземени интензивни активности за фрлање сол и ризла, со цел навремено одржување на патната инфраструктура. Особено внимание им е посветено на повисоките населени места од Црешево, па сѐ до Раштак, каде што постои поголем ризик за замрзнување на коловозите и за таложење снег. Механизацијата и екипите се постојано на терен, со јасна задача да се обезбеди безбедно и непречено движење за сите учесници во сообраќајот – информираше Стефковски.

Тој додаде дека животот и здравјето на граѓаните се на прво место и токму затоа се спроведуваат сите активности превентивно и навремено.

– Зимата ја дочекавме целосно подготвени, со обезбедена механизација, материјали и со човечки ресурси и ќе продолжиме да постапуваме така до крајот на зимскиот период – тврди Стефковски.

Тој апелираше до граѓаните за внимателно движење и за почитување на препораките и рече дека општинските служби и понатаму ќе бидат активно присутни на терен.

 

 

ИЗДВОЕНИ