Акција за чистење на мини депониите во Битола

27

ЈКП „Комуналец“ – Битола, во соработка со „Нискоградба“ и со ЈП „Стрежево“, изминативе денови започна акција за чистење на дивоформираните мини депонии на повеќе локации во Општината.

Според надлежните, депониите се резултат на несовесното однесување на дел од граѓаните, а акцијата има цел да се отстранат овие жаришта на отпад и да се подобри хигиената во урбаните и во руралните средини.

Локалните власти апелираат до жителите да го чуваат јавниот простор и да го фрлаат отпадот на соодветни места, со цел да не се дозволи повторно создавање диви депонии.

 

ИЗДВОЕНИ