четврток, февруари 12, 2026
Дома БАЛКАН Акција на студентите во блокада „Прогласи победа“ за распишување предвремени парламентарни избори...

Акција на студентите во блокада „Прогласи победа“ за распишување предвремени парламентарни избори во Србија/видео

395
Фото:принтскрин, видео Инстаграм, 021

Во тек е акција на студентите во блокада „Прогласи победа“, во која се собираат потписи за распишување предвремени парламентарни избори.

На кампусот на Универзитетот во Нови Сад, времето за собирање потписи е продолжено до 22 часот, објави О21.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio 021 (@radio_021)

Граѓаните можат да ја поддржат оваа иницијатива во повеќе од 100 општини и градови.

Документот што граѓаните го потпишуваат е насловен како „Одлука“, а во него се бара „во согласност со член 109 од Уставот на Република Србија, Владата да испрати образложен предлог до претседателот на Републиката за распуштање на Народното собрание и распишување предвремени парламентарни избори“, објавува „Инсајдер“.

„Оваа одлука е чин на граѓаните во одбрана на Уставот на Република Србија и правото на секој од нас да одлучува за својата држава, како и правото на народот, носителот на суверенитетот, да одлучува за својата држава“, се наведува во документот.

Граѓаните, исто така, даваат согласност за користење на податоците за целите на информирање и испраќање известувања за студентските активности.

ИЗДВОЕНИ