понеделник, февруари 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА 67-годишник удрил во количка со 15-месечно бебе на пешачки во Тетово и...

67-годишник удрил во количка со 15-месечно бебе на пешачки во Тетово и избегал

101

Тетовската полиција денеска информира дека вчера било пријавено дека е повредено дете од 15 месеци откако била удрена количката во која го носеле неговите родители. Количката била удрена од возило, по што возачот не застанал и заминал од местото.

-На ден 06.03.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,ЈНА” се случила сообраќајна незгода, во кое патничко возило „пасат” со тетовски регистерски таблици, удрило во количка во кое седело петнаесет месечно дете, кое на пешачки премин поминало со неговите родители Е.Х. и Ф.Х. од Тетово, и по незгодата го напуштило местото на настанот. Веднаш било постапено и по пријавената потрага во 16.30 часот било пронајдено и обезбедено возилото управувано од А.М.(67) од с.Шипковица, за понатамошна постапка. Во незгодата со телесни повреди се здобил малолетното дете констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.

Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово.

ИЗДВОЕНИ