41-годишен тетовец почина на плажа во Албанија, брзата помош дошла по еден час

49

Четириест и едногодишниот А.С. (41) од Тетово, вработен во Основниот суд во тој град, ненадејно починал во понеделникот на плажата Шкемби во Каваја, кај Драч, каде што бил на одмор со своето семејство.

Сведоци за албанските медиуми изјавиле дека присутните двапати успеале да го реанимираат, но поради доцнењето на Брзата помош, која пристигнала дури по повеќе од еден час, неговиот живот не можел да се спаси.

Смртта на А.С. предизвикала голем шок кај неговите најблиски и колегите, бидејќи починатиот не боледувал од никаква хронична болест.

Косовскиот весник „Експрес“ објави дека зад себе оставил сопруга и две ќерки.

ИЗДВОЕНИ