понеделник, јануари 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Поплочување на три краци од улицата „Шеснаесетта“ во Битола

Поплочување на три краци од улицата „Шеснаесетта“ во Битола

170

Жителите од трите краци на улицата „Шеснаесетта“ во Битола со чисти чевли ќе стигнуваат до своите домови, особено сега, кога е дождлива есента, а зимата е на прагот.

По асфалтирањето на првиот дел од улицата „Шеснаесетта “, чија вредност изнесуваше околу 1,5 милиони денари, сега битолското претпријатие „Нискоградба“ пристапи кон поплочување на трите краци со бехатон плочки.

Вредноста на зафатот е близу 1,8 милиони денари.

Жителите од оваа населба изразија благодарност за ангажманот и за комплетирањето на инфраструктурата.

 

ИЗДВОЕНИ