петок, јуни 5, 2026
Дома БАЛКАН 162 лица уапсени во Турција поради „ширење страв“: Објавиле видеа од пукањата...

162 лица уапсени во Турција поради „ширење страв“: Објавиле видеа од пукањата во училишта на социјалните мрежи

404
screenshot X

Турската полиција уапси 162 лица под обвинение за објавување видеа од двете пукотници во училишта што се случија во земјата оваа недела на социјалните мрежи, потврди министерот за правда Акин Гурлек, истакнувајќи дека тие се обвинети за споделување содржини што шират страв и го величаат криминалот.

Најмалку 16 лица беа повредени во пукотница во средно училиште во вторник, додека десет лица беа убиени во пукотница во друго училиште во среда, потсетува Би-Би-Си.

Илјадници луѓе се собраа вчера на погребите на учениците, а најмладите жртви имаа десет години.

Гурлек објасни дека 95 лица биле приведени поради загриженост за нивното онлајн однесување по нападот.

Министерот, исто така, рече дека се воведени ограничувања на 1.104 профили на социјалните мрежи.

Други 67 лица биле приведени поради споделување пораки во кои се предвидува дека нападите би можеле да се случат во други училишта, додаде Би-Би-Си.

Таткото на осмоодделенецот што изврши масакр во училиште во Турција го водел својот син на стрелиште 2 дена пред ужасниот инцидент

ИЗДВОЕНИ