четврток, февруари 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Семејствата на загинатите во „Пулс“ обвинија за притисоци врз сведоците

Семејствата на загинатите во „Пулс“ обвинија за притисоци врз сведоците

111

На почетокот на денешното судење за пожарот во „Пулс“ каде загинаа 63 млади луѓе, семејствата на жртвите споделија со новинарите сознанија дека обвинетиот Тодор Јованов, брат на газдата на кабарето, од затворска ќелија вршел притисок на сведоци.

-Имаме сознанија дека лицето Ј.Ј. кое се наоѓа на издржување мерка притвор во затворот во Скопје, му дава мобилен телефон на користење на лицето Тодор Јованов, брат на монструмот, кој преку Вибер-комуникација врши притисок врз сведоците на Обвинителството. Ги повикуваме надлежните служби да ја проверат оваа информација и детално да го проверат и комуникациите остварени преку овој телефон, рече Јулија Златкова, мајката на Томас Златков кој загина во „Пулс“

Родителите порачаа дека нема да дозволат вистината да остане затскриена. Судењето продолжи со сведочење на пожарникарите кои први пристигале на помош.

ИЗДВОЕНИ