понеделник, јануари 19, 2026
Дома СВЕТ Кобна „вечер на преспивање“ под дејство во САД: Татко осуден за дрогирање...

Кобна „вечер на преспивање“ под дејство во САД: Татко осуден за дрогирање на својата 12-годишна ќерка и на нејзините другарки

41

Педесет и осумгодишниот Мајкл Мејден е осуден на две години затвор откако признал дека ги дрогирал својата 12-годишна ќерка и нејзините другарки за време на преспивање во неговиот дом во сојузната држава Орегон.

Според судските документи, во овошните пијалаци што им ги подготвил на децата ставил „темазепам“, контролирана супстанција која се користи како седатив. По пиењето на пијалаците, дел од девојчињата почувствувале вртоглавица, зашеметеност и поспаност, по што заспале.

Случајот бил откриен откако едно од децата, кое не го испил пијалакот, преку пораки побарало од својата мајка да дојде да ја земе, наведувајќи дека не се чувствува безбедно. Подоцна, други две девојчиња биле пренесени во болница, каде што тестовите покажале присуство на бензодиазепини во нивниот организам.

Во полицискиот извештај се наведува дека едно од девојчињата изјавило оти слушнало како Мејден влегува во просторијата додека децата спиеле, при што се уверувал дека тие се во длабок сон.

Мејден во јуни 2024 година се изјаснил за виновен по три точки од обвинението за наведување на други лица да внесат контролирана супстанција, по што му била изречена двегодишна затворска казна.

Судските записи од округот Клакамас покажуваат и дека Мејден и неговата поранешна сопруга постигнале спогодба во граѓанската тужба поднесена од таткото на една од жртвите. Деталите од спогодбата не се јавно објавени.

 

 

ИЗДВОЕНИ