Информацијата за угинатата женка мајмун од видот „сијаманг“  ја лиферуваше градскиот советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков,  на Фејсбук. Тој извести дека се работело за трудна женка  која важи за еден од најретките заштитени видови на мајмуни во  светот. Од скопската Зоолошка градина го потврдија случајот и нагласија дека за точните причини за смртта ќе објават веднаш штом ги добијат официјалните резултати од обдукцијата направена од страна на стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, со цел поголема транспарентност, како што било пракса и во минатото. Оттаму ја демантираат, нарекувајќи ја шпекулација, информацијата дека женката мајмун – сијаманг била бремена во моментот на угинување

 

Зоолошката градина остана без млада женка мајмун од видот „сијаманг“ кој е редок во светот. Информацијата најпрвин  ја лиферуваше градскиот советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков,  на Фејсбук.

Тој напиша дека со тоа и натаму продолжува хоророт во скопската Зоолошка градина и дека женката угинала пред некој ден.

-Се работи за трудна женка, важи за еден од најретките заштитени видови на мајмуни во светот – напиша Кирков.

Тој додава дека додека директорот на Зоолошката градина, Зоран Попов, и неговиот заменик со овластување, Кристијан Стаменов, истиот како што вели, кој закла коњи и има кривична пријава молчат, додека скопската градоначалничка, Данела Арсовска на негово прашање умешно ги бранела двајцата, кои, како што вели од ЗОО Скопје „направија да е куќата на стравот“.

– Според моите неофицијалните информации, мајмунката е тајно носена и во приватни ветеринарни ординации – нагласи Кирков.

Од скопската Зоолошка градина потврдија дека угинала женка мајмун од видот „сијаманг“ и известија дека за точните причини за смртта ќе објават веднаш штом ги добијат официјалните резултати од обдукцијата направена од страна на стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, со цел поголема транспарентност, како што било пракса и во минатото.

Оттаму ја демантираат, нарекувајќи ја шпекулација информацијата дека женката мајмун – сијаманг била бремена во моментот на угинување.

-Животните од скопската зоолошка добиваат ветеринарен третман веднаш штом се појави каков било прв симптом или аларм дека можеби се болни или имаат некаква повреда. Нивната благосостојба постојано будно се следи од страна на вработените, а благодарение на Факултетот за ветеринарна медицина имаме пристап до најсовремено лекување, дијагностицирање и третман на животни. За жал, како и кај луѓето, така и кај животните, не секогаш може да се избориме со некои заболувања, иако се преземени сите можни здравствени мерки – тврдат од скопската Зоолошка градина.

Мајмунот од видот „сијаманг“ всушност е црн гибон, карактеристичен за Малезија, Тајланд и Суматра. Овој вид на гибон е најголем од останатите видови на гибони, достигнувајќи височина од едем метар и тежина од 14 килограми. Сијаманг е единствени од вид од родот  Simphalangus. Сијаманзите имаат голема гушна торба (ја имаат и мажјаците и женките). Оваа торба може да биде надувана до големина на главата на сијмангот, што му овозможува на сијамангот да испушта гласни, резонантни повици и песни.

Во Зоолошката градина во изминатиот период угинаа десетици животни, а во октомври, минатата година беше затворена за посетители откако кај гуска од езерцето беше утврден птичји грип. Тогаш, известија дека во 2023 година биле родени 40, а умреле 10 животни и дека во 2024 година се родиле 33 животни, а умреле 15. Вкупниот број родени животни за овие три години е 73, а на пцовисани е 25.

– Повеќето од умрените животни се единки што биле во длабока старост – соопштија тогаш од Зоолошката градина.

(А.П.)

ИЗДВОЕНИ