11-годишно девојче прегазено во Скопје, полицијата трага по возачот кој побегнал од местото

53

Во скопската полиција вчера во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје, патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ