понеделник, февруари 2, 2026
Дома СВЕТ Разговорот со Шолц му помага на Путин да излезе од изолацијата, смета...

Разговорот со Шолц му помага на Путин да излезе од изолацијата, смета Зеленски

99

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, сака рускиот лидер Владимир Путин да остане изолиран.

Како што пренесуваат германските медиуми, Зеленски уште пред разговорот со Путин го предупредил германскиот канцелар Олаф Шолц дека оваа средба може да му помогне на рускиот претседател да излезе од меѓународната изолација и да продолжи со воените операции против Украина.

-Сега ќе има други разговори, други повици. Само многу зборови. А токму тоа го сака Путин долго време. За него е исклучително важно да ја ослаби својата изолација – изјави Зеленски во вечерното обраќање.

Шолц денеска телефонски разговарал со рускиот претседател Путин за војната во Украина, првпат во последните две години, соопшти германската Влада.

ИЗДВОЕНИ