четврток, февруари 12, 2026
Дома КУЛТУРА Во МНТ премиера на „Бог на масакрот“ во режија на Весна Петрушевска

Во МНТ премиера на „Бог на масакрот“ во режија на Весна Петрушевска

85

На големата сцена во Македонскиот народен театар, на 24 декември, со почеток во 20:00 часот, ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Бог на колежот“, по мотивите на „Бог на масакрот“ (God of Carnage) на Јасмина Реза, а во адаптација и режија на Весна Петрушевска.

Ова е седми проект на Македонскиот народен театар во оваа сезона. Во претставата играат: Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Симеон Мони Дамевски, Наталија Теодосиевa, како и децата од актерската школа на Весна Петрушевска.

Преводот на текстот е на Рајна Кошка-Хот, како сценограф се потпишува Татјана Христоска, костимограф е Наталија Терзија, а сценските движења се на Кренаре Невзати-Кери. Изборот на музиката е на Весна Петрушевска, а автор на песната „Пепел и мрак” е Игор Џамбазов.

– Оваа копродукциска претстава нуди можност да се погледнеме кои сме макар на 90 минути, во време кога е публиката учесник во арената – посочуваат од МНТ.

Првата реприза е закажана за 25 декември.

ИЗДВОЕНИ