„Вини дојди кај нас и ти гарантирам Златна топка“

3932
epa10644429 Referee Ricardo de Burgos Bengoetxea (2-R) talks with Real Madrid's striker Vinicius Junior (R) during the Spanish LaLiga match between Valencia CF and Real Madrid at Mestalla stadium in Valencia, Spain, 21 May 2023. EPA-EFE/Biel Alino

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, наводно испратил јасна порака до ѕвездата на Реал (М) , Винисиус Јуниор преку посредник.

Сопственикот на „светците“ го искористи целиот разговор околу „Златната топка“, која според мислењето на многумина и беше украдена од рацете на ѕвездата на Реал (М), за да му пристапи преку посредник. Со валкана игра го повика Вини во ПСЖ и му гарантира дека ќе ја добие најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет бидејќи клубот ќе направи се за тоа да се случи.

„Во Париз сакаат да ги искористат сите лоши работи што се случија околу „Златната топка“ и во последните неколку часа неколку посредници, блиски до ПСЖ, ги повикаа агентите на Вини“, се наведува и се додава:

„Со овој потег Насер Ал-Келаифи сакаше да го „потсети“ Винисиус дека ќе биде апсолутна ѕвезда во Париз и рече дека нема да мора да ги дели бодовите во борбата за „Златната“ топка со соиграчите“.

Главниот и одговорен уредник на „Франс Фудбал“, Винсент Гарсија, зборуваше на оваа тема по доделувањето на наградата. Тој тврди дека бразилецот веројатно го чинело тоа што морал да ги дели бодовите со соиграчите од Реал (М), Џуд Белингем и Дани Карвахал.

„Беше блиску. Веројатно го чинеше Винисиус да ги има Џуд Белингам и Дани Карвахал во Топ 5 и да ги сподели бодовите со нив“, рече Гарсија.

Неговата изјава е нелогична за навивачите на Реал, а потоа се покажа дека многу новинари кои гласале не го вметначе  Вини ниту во Топ 3.

Во Мадрид се многу лути поради таквиот епилог. „Кралскиот клуб“ не сака да објави апсолутно ништо за наградата иако Карло Анчелоти беше прогласен за најдобар тренер, а Реал за најдобар клуб.

Посебно огорчен е првиот човек на клубот Флорентино Перез. Тој е убеден дека зад се стои заговорот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), бидејќи Реал (М) е главниот иницијатор на приказната за создавањето на Супер лигата.

Неговото мислење е дека на овој начин УЕФА им се свети на „Кралевите“. Перез е подготвен да ги прекине сите врски, но тешко е да се очекува дека на крајот ќе направи такво нешто.