сабота, февруари 7, 2026
Дома СВЕТ Трамп го именуваше новиот амбасадор на САД во Израел

Трамп го именуваше новиот амбасадор на САД во Израел

477

Трамп рече дека Хакаби го сака Израел и неговиот народ, и ќе работи неуморно за да постигне мирно решение на Блискиот Исток, објави Ројтерс.

Хакаби (69) е поддржувач на Израел и воспоставувањето израелски населби на окупираниот Западен Брег и го критикуваше американскиот претседател Џозеф Бајден за притисокот врз Израел да ги намали нападите во Појасот Газа.

Хакаби беше гувернер на Арканзас од 1996 до 2007 година и беше неуспешен републикански претседателски кандидат во 2008 и 2016 година.

Неговата ќерка Сара Хакаби Сандерс е актуелна гувернерка на Арканзас. Таа беше прес-секретар на Трамп во Белата куќа од 2017 до 2019 година.

ИЗДВОЕНИ