четврток, февруари 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Обвинителот Хајрулахи останува суспендиран

Обвинителот Хајрулахи останува суспендиран

Советот на ЈО му ја одби жалбата

427

Истовремено со одлуката на Комисијата од Јавното обвинителство да му покрене дисциплинска постапка на Вишиот ЈО Мустафа Хајрулахи за непостапување по предмети, Советот на ЈО донел одлука со која се отфрла жалбата на Хајрулаху и тој останува суспендиран од Вишото обвинителство. Хајрулаху беше суспендиран од Републичкиот обвинител Коцевски поради кривичната пријава за мобинг од вработени во ВЈО против него. Во жалбата суспендираниот шеф навел дека пријавата против него е инструирана од Коцевски и оти со суспензијата се повредува презумпцијата на невиност. Како причина пред јавноста го наведе предметот за бонусите на поранешното СЈО. Советот жалбените наводи ги отфрли како неосновани. Советот сега ќе треба да одлучува и по неговата дисциплинска постапка.

ИЗДВОЕНИ