петок, јануари 30, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Граѓаните очекуваат РКЕ утре да соопшти за колку ќе поскапи струјата

Граѓаните очекуваат РКЕ утре да соопшти за колку ќе поскапи струјата

79

Регулаторна комисија за енергетика утре ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО).

АД ЕСМ на последниот тендер на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават-часови којашто е за две евра повисока од досегашната цена што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач.

Оваа цена има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари.

Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш според неои, зголемувањето би требало да биде минимално од еден до три проценти.

ИЗДВОЕНИ