„Звуците на градот“ – вечер на староградска музика ќе се одржи денес во 20:30 часот, на платото пред НУЦК „Марко Цепенков“.

Манифестацијата „Звуците на градот“ веќе неколку години предизвикува интерес не само кај жителите на Прилеп туку и пошироко.

Пред присутните ќе се претстават групи што ја негуваат староградската музика.

Своите достигнувања, преку песна, оваа вечер ќе ги пренесат женската пејачка група „Преродба“, пејачката група „ Орхидеја“, КУД „Пере Тошев“, октетот „Прилеп“ и КУД „Пензионер“.

Како што велат од НУЦК „Марко Цепенков“, ова ќе биде уште една убава музичка вечер, традиција што продолжува.

ИЗДВОЕНИ