Општина Ѓорче Петров организира дводневна манифестација „Звуци на традицијата во Ѓорче 2025 – А бре Македонче!“, исполнета со македонска песна, традиција и гордост.
Манифестацијата ќе се одржи утре и в недела, во Домот на културата „Ѓорче Петров“.
Посетителите ќе можат да видат изложба на македонски народни борбени песни, но и да уживаат во настапи и во богата музичка програма. Ќе има и детска творечка работилница, како и стручно предавање за народната поезија и уметност.
Од Општината ги повикуваат граѓаните, за како што велат: „да ја славиме македонската традиција и да го разбудиме борбениот дух што нè обединува“.












