Охриѓанецот Александар Јосифовски, попознат по учеството и триумфот во балканското мега-шоу „Ѕвездите на Гранд“, по осум години заеднички брачен живот, се разведе од сопругата Теодора. Иста судбина како онаа на неговата мајка, Елизабета, која е разведена од поодамна и која потоа замина во Австралија, оставајќи ја и пејачката кариера зад себе.
– Точно е дека решив да се разведам. Кариерата ми е во прв план. Нема тука место за какви било скандали или трачови, секој од нас тргнува по свој пат низ животот. Боже мој, така требало да биде. Додека траеше, уживав во бракот со Теодора. Ѝ ја посакувам сета среќа бидејќи таа го заслужува тоа – вели охридскиот рокер Јосифовски.
Теодора секогаш беше покрај него, од самите почетоци на неговата естрадна кариера.
Се трудевме да коригираме некои наши приватни работи, но не даде резултати тоа. Не е неверство во прашање, ниту љубомора. Едноставно, се загуби комуникацијата меѓу нас, а тоа е најстрашно. По разводот, дури и ми се погоди автобиографската песна „Јас сум твоето промашување“, која ја напиша токму мојата мајка, Бети. Мајка ми сигурно беше инспирирана од турбулентното случување во мојот приватен живот. Јас се пронајдов во тие зборови, кои ѝ дојдоа на мајка ми спонтано и инспиративно.
Мајка ми е навистина емотивна личност. Придонесе со зборовите што ги напиша, песната да има своја тежина. Мислам дека не ѝ беше сеедно што се разведов, но што е, тука е – вели атрактивниот Александар за весникот ВЕЧЕР.
Тој сега е на своја американска мини турнеја. На речиси иста таква беше пред две години, како ексклузивен гостин на популарната Лепа Брена. (Д. М.)