Ѕвездата на турските серии заврши со лисици на раце: Актерот Џан Јаман уапсен поради дрога

711
EPA/RICCARDO ANTIMIANI

Џан Јаман објави фотографија на социјалните мрежи пред Римскиот Колосеум за да го најави своето враќање во Италија, каде што е многу популарен по своите улоги во неколку ТВ серии.

Тој, исто така, објави порака до италијанските медиуми, велејќи дека турскиот печат отсекогаш бил „злобен“ кон него, за разлика од италијанскиот, објави RAI TV.

Актерот додаде дека ова, сепак, не е ништо ново и ги повика италијанските медиуми да не ја прават грешката да ги копираат вестите што доаѓаат од Босфорот.

„Дали навистина мислите дека се дружам во нарко-клубови во време кога полицијата спроведува масовни рации и апси многу познати личности? Ако тоа беше барем малку вистина, немаше да бидам ослободен толку брзо и немаше да можам да се вратам во Италија следниот ден. Ве сакам“, им рече Јаман на италијанската публика.

Актерот беше уапсен вчера заедно со шест други, меѓу кои и актерката Селен Горгузел, како дел од истрагата за трговија и консумирање дрога меѓу познати личности во Истанбул.

Турските медиуми објавија дека Јаман е исклучително популарен во Италија поради неговите главни улоги во неколку хит ТВ серии, вклучувајќи ја и неодамна емитуваната „Сандокан“, но и поради неговото одлично познавање на италијанскиот јазик, бидејќи посетувал италијанско средно училиште во Истанбул, и дека кај него биле пронајдени две дози дрога.

По неколку анализи во Институтот за судска медицина за да се утврди дали, кога и кои лекови ги земал, актерот е пуштен на слобода

ИЗДВОЕНИ