Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, објави дека планира да се подложи на операција. Мадридската „петка“ веќе подолго време има проблеми со рамото, па затоа реши да го санира проблемот во текот на летната пауза. Доколку стигне Реал до финалето на Светското клупско првенство, кое е закажано за 13 јули, Белингам потоа ќе биде опериран. Или порано, ако биде елиминиран шпанскиот претставник во раната фаза.
- Уморен сум од носењето протеза. Се надевам дека ќе стигнеме до финалето, а потоа, неколку дена подоцна, планирам да се оперирам и, конечно, да го санирам проблемот. Дојдов до точка каде што болката не е толку силна. Но, потпората ме мачи, играчите често ја повлекуваат, па затоа морам повторно да ја местам. Трпението ми е прикрај. Би било добро да го имам моето старо тело. Затоа сакам повторно да ми биде добро рамото.