Ѕвездата на ПСЖ се сели на Островот, заинтересирани се три клуба

89
epa11027859 PSG players react after the UEFA Champions League group stage soccer match between Borussia Dortmund and Paris Saint-Germain, in Dortmund, Germany, 13 December 2023. EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Францускиот гигант, ПСЖ, освои сè што можеше да се освои минатата сезона и апсолутно го покори европскиот фудбал. Парижаните ја освоија Лигата на шампионите, француската Лига 1 и францускиот Куп под водство на трофејниот тренер Луис Енрике.

Шпанскиот стручњак покажа дека е еден од најдобрите тренери во светот и секако ќе го предводи ПСЖ од клупата и во новата сезона.

Ова лето, францускиот клуб учествуваше на Светското клупско првенство, каде што загуби со 3:0 од Челзи во финалето. Овој пораз силно го погоди Енрике, а тоа го покажа на теренот по натпреварот со својата жестока реакција.

Се очекува неколку играчи да го напуштат „Паркот на принцовите“ до крајот на летниот преоден рок, вклучувајќи го и Гонсалo Рамос.

Португалецот некогаш беше главна напаѓачка сила на ПСЖ, но неодамна падна во втор план и ќе го напушти клубот. Нема недостаток од интерес, а клубовите од Островот, во прв план, Астон Вила и Њукасл, моментално покажуваат најголем интерес за неговите услуги.

Покрај овие два клуба, се споменува и Ливерпул, но ова е нерелна опција, па 24-годишникот ќе мора да одлучи помеѓу двата претходно споменати клуба.

Рамос ја започна својата кариера во Бенфика, а дресот на ПСЖ го носи од 2023 година. За репрезентацијата на Португалија одигра 16 натпревари и постигна девет гола.

ИЗДВОЕНИ