Ѕвездата на ПСЖ сака да игра за Реал (М)

321
epa11027859 PSG players react after the UEFA Champions League group stage soccer match between Borussia Dortmund and Paris Saint-Germain, in Dortmund, Germany, 13 December 2023. EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Еден од клубовите со најголема куповна моќ во светот е Реал (М), кој често ја користи. Сите ги паметиме познатите „галактикос“, но и поновата генерација, која три пати го освојуваше трофејот во Лигата на шампионите.

Сегашниот тим на „кралскиот клуб“, исто така, изгледа многу моќно и има многу големи фудбалски имиња во играчкиот кадар. Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор, Џуд Белингам, Трент Александар-Арнолд, Родриго се само некои од нив.

Сепак, Реал (М) е клуб што има многу големи амбиции и што секогаш сака да оди еден чекор напред. Зимскиот преоден рок е сè уште далеку, но шпекулациите за потенцијални трансфери веќе започнаа.

Сега шпанските медиуми, поточно „Фичахес“, носат вистинска „бомба“ во врска со ѕвездата на ПСЖ, Витиња. Според овој извор, Португалецот е многу заинтересиран да го замени Париз со Мадрид или поточно ПСЖ со Реал.

Сепак, кочница за овој трансфер може да биде сумата што ја бараат парижани за услугите на 25-годишникот.

„Фичахес“ тврди дека челниците на актуелниот европски клупски шампион се подготвени да седнат на преговарачка маса, но официјалната понуда за обесштетувањето не смее да биде помала од 100 мил. евра.

Како што рековме претходно, Реал (М) има голема куповна моќ, но овој залак може да биде преголем дури и за него. Патем, Витиња стана член на ПСЖ во 2022 година, кога дојде од Вулверхемптон.

Минатата сезона, тој „експлодираше“ и играше феноменално, што му го донесе третото место во изборот за „Златната топка“ на „Франс фудбал“.

ИЗДВОЕНИ