epa12208581 Alexander Zverev of Germany in action during the Men's 1st round match against Arthur Rinderknech of France at the Wimbledon Championships, Wimbledon, Britain, 01 July 2025. EPA/NEIL HALL EDITORIAL USE ONLY

Германскиот тенисер Александар Зверев, беше нокаутиран во првото коло на Вимблдон по два дена и пет сета. После тоа, тој дојде на прес-конференција каде што се отвори. Јавно призна дека има ментални проблеми, дека се чувствува осамено и дека веројатно ќе побара помош од психолог поради сето ова. Поради неговите зборови, Арина Сабаленка беше прашана за тоа откако стигна до третото коло и дали има некаков совет за германскиот тенисер.

Пет години одев кај терапевт. Престанав да работам со него во 2022 година. Лудо е да се чуе нешто такво од Зверев, бидејќи е опкружен со семејство, па затоа мислам дека е многу важно отворено да се зборува за тоа што ве мачи. Особено ако имате семејство со вас. Можете да му кажете на вашето семејство како се чувствувате. Важно е да бидете отворени и да зборувате за тоа низ што минувате. Ако го чувате тоа во себе, тогаш ќе ве уништи, мислам дека тоа е нешто со што се справува токму сега“, започна Сабаленка.

Од нејзините зборови е јасно дека имала некои слични проблеми и дека успеала да ги надмине. Затоа го советува како најдобро да се справи со сето ова.

„Тој само треба да се отвори кон најблиските. Во моментот кога ќе почнете да зборувате за вашите проблеми, почнувате да разбирате многу работи и тоа помага да ги решите. Тој само треба да биде поотворен со своето семејство, со својот тим, за сите да разберат што му поминува низ главата, тоа е најважното нешто. Разговарам многу со мојот тим, затоа не ми треба терапевт во моментов. Разговараме за сè, знам дека нема да ме осудуваат и нема да ме обвинуваат. Ќе го прифатат тоа и ќе продолжиме да работиме. Тоа е најдобриот совет што го имам за Саша“, заклучи Сабаленка.

Зверев јасно и отворено кажа дека се бори со менталното здравје и дека се обидува да најде решение. Сега ќе има пауза, пред Отвореното првенство на САД, што веројатно ќе го искористи за да го реши својот проблем со менталното здравје.

Саша на прес – конфереренцијата по елиминацијата од Вимблдон кажа: „Понекогаш се чувствувам осамено на теренот, имам ментални проблеми и така се чувствувам откако заврши Австралија опен. Се обидувам да најдам начин да се извлечам од оваа рутина, но постојано заостанувам. Не е до тенисот, само се чувствувам осамено во животот и тоа не е убаво чувство. Се борам да најдам радост надвор од теренот, никогаш порано не ми се случило вакво нешто. Не е проблем во тенисот, туку е проблем да најдам нешто во себе“.

ИЗДВОЕНИ