Со доаѓањето на есента, Градскиот парк во Скопје се претвора во прекрасна оаза на разновидни бои од портокалова, зелена, златна, жолта, и е едно од најпосетуваните места во градот.
Многумина од граѓаните кои едноставно сакаат да избегаат од градските гужви ја избираат токму оваа оаза за кратки прошетки, или спортски активности.
И ако дождливото време не е за секого, сончевите зраци им пријаат не само на луѓето, туку и на животните. Па така, на сончевите зраци не им одолеваат ниту желките, кои можеме да ги забележиме како се сончаат во езерцата.
Фото: Ѕ. Плавевски













