четврток, февруари 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Зошто? Зошто дојде до ова? го праша таткото на Вања, обвинетиот Велибор

Зошто? Зошто дојде до ова? го праша таткото на Вања, обвинетиот Велибор

1218

На денешното судење за двојното убиство на Вања и Панче на кое останатите обвинети имаат можност да го прашуваат Велибор Манев кој сведочеше на минатото рочиште, таткото на девојчето кој е и обвинет за помагање во грабнувањето, стана од местото каде што седи во судницата и едвај разбирливо со тивок глас го праша:”

Зошто? Зошто дојде со ова? “ по што Велибор му одговори дека за тоа треба да го праша Љупчо Палевски.

Претходно Манев на прашања на бранителот на Александар : “Зошто не го сликавте девојчето и не побарале откуп како што било планот? “ Велибор повторно рече дека за тоа треба да го праша Палевски.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ на крај го праша Манев што лично мисли дали ваквото грабнување е форма на тероризам?

По ова реагираше Палевски и даде приговор дека обвинението е за друго кривично дело односно користољубие. Во моментот прашува првообвинетиот Палевски, за секој детал од сведочењето на неговиот партнер во злосторството. “Ти самиот добро знаеш што правевме и како правевме, без брзање, полека- му одговори Велибор. (П.А)

ИЗДВОЕНИ