„Зошто светот зад него гори?“: Поставен нов портрет на Трамп во Белата куќа/ФОТО

59
EPA-EFE/Mohammed Badra

Американскиот претседател Доналд Трамп го откри својот нов портрет, кој беше поставен во Западното крило на Белата куќа, но сликата веднаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи поради еден необичен детаљ.

Портретот, првично објавен на социјалните мрежи од заменик-советникот на Трамп, Себастијан Горка, го прикажува американскиот претседател како оди опкружен со американски знамиња, со позадина од портокалови нијанси што се протега зад него. Горка го најави уметничкото дело на 19 август и напиша:

„Една од новите слики на претседателот Доналд Трамп во Белата куќа“, додаде тој, додавајќи дека „ќе има уште“. Делото е од уметницата Ванеса Хорабуена, која сега е изложена во Западното крило, објавува The Independent.

Откривањето на портретот се случи кратко откако Трамп ги угости европските лидери, а во таа пригода тој објави на својата мрежа Truth Social дека разговорите биле „многу добри“ и дека „сите се среќни за можноста за мир меѓу Русија и Украина“.

Новиот портрет на американскиот претседател предизвика лавина реакции на интернет: „Зошто сѐ зад него гори?“, напиша еден корсник, а друг се надоврза: „Зошто изгледа како светот зад него да гори?“

ИЗДВОЕНИ