Од сите нуклеарни постројки на Иран, се чини дека Израел нападнал само мал број – меѓу нив и Натанц. Тоа го поставува прашањето: зошто токму таа постројка?
Одговорот е дека Натанц е главниот објект на Иран за збогатување на ураниум во големи количини – процес на производство на материјал за цивилна или воена нуклеарна употреба, пишува Би-Би-Си.
Иран негира дека се обидува да развие нуклеарно оружје и нема докази дека произвел ураниум за воена употреба, но Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) неодамна процени дека би можел да го стори тоа – доколку збогатувањето се продлабочи дополнително.
Во објектот во Натанц има десетици илјади центрифуги, а тоа игра клучна улога во создавањето сè поголеми залихи на високо збогатен ураниум. Доколку овој процес биде прекинат, прекината е и иранската нуклеарна програма.
Explosions at Iran nuclear site.
Israel attacks Iran and launches more than 100 strikes on nuclear sites and targets scientists in residential areas.
Follow our live blog for more: https://t.co/IGqEOjP5HM pic.twitter.com/MTZYegc8aG
— Sky News (@SkyNews) June 13, 2025
Нуклеарниот договор од 2015 година го ограничи она што Иран можеше да го направи во Натанц, но откако Доналд Трамп ги повлече САД од договорот во 2018 година, Иран ги засили активностите на локацијата.
Се верува дека Израел во последните години постојано го напаѓал Натанц со саботажи. Објектот беше цел на голем кибернапад во 2010 година, а десет години подоцна беше оштетен од експлозиви наводно скриени во биро.
Една година подоцна, Натанц претрпе уште поголема штета во мистериозен напад за кој Иран го обвини Израел.