понеделник, март 2, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Зошто нагло расте цената на најголемата крипто валута? Биткоинот ја надмина границата...

Зошто нагло расте цената на најголемата крипто валута? Биткоинот ја надмина границата од 101.000 долари!

1397

Биткоинот ја проби цената од 101.000 долари за прв пат во историјата денес, 9 мај 2025 година. Оваа историска пресвртница доаѓа во време кога се повеќе земји и големи финансиски институции го прифаќаат биткоинот како легитимно средство за штедење и заштита од инфлација.

Главната причина за овој скок е одлуката на Соединетите Американски Држави да ги воведат таканаречените „стратешки резерви на биткоин“.

Според CoinMarketCap, цената на биткоинот моментално е 103.032 долари. Цената порасна за повеќе од 6 проценти во последните седум дена, што повеќето аналитичари го припишуваат на напредокот во трговските преговори на САД со други земји.

Биткоинот не се тргувал над 100.000 долари од 7 февруари. Вредноста на најголемата криптовалута во светот се зголеми за повеќе од 9 проценти оваа година, но останува под рекордното високо ниво од 109.026 долари достигнато на 19 јануари.

ИЗДВОЕНИ